Дилиен Вајт сака реванш против Тајсон Фјури

Во британскиот судир во април на Вембли, шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури, го победи Дилиeн Вајт со прекин во шестaтa рунда.

Тоа беше втора одбрана на титулата и 32 победа во кариерата за Џипси Кинг (има реми против Вајлдер).

Вајт беше сопственик на привремениот шампионски појас на ВБЦ, кој го врати во март минатата година со триумф против Александар Поветкин.

Иако загуби, Дилиен смета дека Фјури искористил трик.

„Добро ме удри, тоа е бокс. И претходно бев соборен, но станав. И сега кога ме удри, ме турна и мене. Па, повредив два лигаменти. Затоа ми требаше пауза“, изјави Дилијан Вајт и продолжи:

„Така беше. Кога противникот ќе ве собори по гонгот, може да ве испратат во аголот и да го повикаат докторот ако го преживеете броењето. Овој пат не беше според правилата. Но, да продолжиме понатаму“.

На 26 ноември, Дилиен Вајт ќе боксира против непоразениот Џермејн Френклин (21-0, 14 КО), кој го победи Родни Мур во последниот настап.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО