ЕУБЦ: Аземи оствари историски медал за Македонија

Најдобриот боксер на Северна Македонија, Ардијан Аземи победи на неколку меѓународни јуниорски натпреварувања во 2019 година и се приклучи на возрасната група за млади како голема надеж на земјата, пишува ЕУБЦбоксинг.

„17-годишниот Македонец во тешка категорија (91 кг) веќе победи на првиот меч во Будва и имаше силен борбен дух во четвртиот натпреварувачки ден, за да ја оствари својата цел, медалот во оваа категорија. Аземи ги искористи најдобрите напаѓачки агли против високиот хрватски боксер Кристијан Дује Гацина, кој не беше во можност доволно добро да ја организира својата одбрана во оваа средба. Аземи победи во четвртфиналето и оствари историски медал за Северна Македонија на континенталниот настан“, пишува официјаниот сајт на ЕУБЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО