Дана Вајт: Хабиб пак ќе се бори

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт останува уверен дека шампионот во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов ќе ја продолжи кариерата.

На 23 јануари, Конор Мек Грегор и Дастин Пориеr ќе имаат реванш, а Вајт денес беше прашан дали титулата во лесна категорија на УФЦ е во прашање во оваа битка. Тој одговори дека тоа нема да се случи.

„Нурмагомедов повторно ќе се бори, така што титулата нема да биде поставена за Конор и Пориер“, рече претседателот на УФЦ.

Хабиб Нурмагомедов објави дека се повлекува откако го победи Џастин Гејџи во главниот меч на УФЦ 254. Сепак, тој сè уште се смета за актуелен шампион на организацијата во лесна категорија и исто така води на ранг-листата П4П. До денес, неговиот ММА скор е 29-0.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО