
ЕУБЦ ќе го разгледува инцидентот што се случи на Европското првенство за кадети во Златибор, Србија, кога тренерот на Азербејџан, незадоволен од судиските одлуки, влезе во рингот и го фати за гуша нашиот судија Стефан Цубалевски, кој го судеше финалето на категоријата меѓу српски и азербејџански боксер.
„Во врска со инцидентот што се случи на последниот ден од Европското првенството на ЕУБЦ за момчиња и девојчиња во Златибор, Србија, до Дисциплинската и Етичката комисија беа испратени барања за проверка на исправноста на работата на судијата на борбата, како и за донесување дисциплинска одлука во врска со постапките на тренерот на азербејџанскиот тим. За одлуката на комисиите ќе информираме подоцна“, соопштија од ЕУБЦ.



