Етеми и Јовановски ќе настапат на „Загреб Гранд при“

Македонија ќе настапи со двајца боксери на Меѓународниот сениорски турнир „Загреб Гранд при“ во Хравтска. Турнирот почнува утре и ќе трае до сабота кога на програмата се финалните борби со почеток во 19 часот.

За Македонија ќе настапат Арсим Етеми (81 кг) и Лео Јовановски (75 кг), а ќе ги води тренерот Димитар Ташков. Во делегацијата е и АИБА судијата Петре Неделковски.

Според најавата на организаторот, на турнирот ќе настапат боксери од најмалку 10 земји, покрај домаќинот Хрватска, свои претставници ќе имаат и Македониија, Русија, Украина, Франција, Италија, Полска, Казахстан…

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО