Ерол Спенс и Јорденис Угас договорија боксеркса пресметка за 16 април

Во боксерската полусредна категорија тројца борци се издвојуваат по квалитет и се над останатите, Теренс Крафорд ја носи титулата на ВБО, Јорденис Угас е сопственик на титулата на ВБА, додека Ерол Спенс Јуниор. има титули на ИБФ и ВБЦ.

Љубителите на боксот можат да се подготват за уште еден спектакл, бидејќи за 16 април е договорен меч меѓу Ерол Спенс Јуниор и Јорденис Угас, кој ќе биде домаќин на Шоутјам спортс.

Кубанецот Угас (27-4, 12 КО) ја освои титулата на ВБА во август минатата година со победата против филипинската легенда Мани Пакијао.

Бронзениот олимпиец го победи Филипинецот, кој потоа се повлече. Јорденис скокна во борбата наместо Ерол Спенс (27-0, 21 КО) кој последниот меч го имаше во декември 2020 година кога го совлада Дени Гарсија. А за Ерол тоа беше прва борба по тешка сообраќајна несреќа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО