Ерик Андерс е импресиониран од вештините на Васили Камотски од Русија (28 години). Неговата ѕвездата изгреа сосема случајно, откако одлучи да отиде на натпревар во удирање на шлаканици, каде требало да биде Кирил Саричев кој му е идол на Камотски.
28-годишниот земјоделец од Краснојарск е охрабрен од пријателите да се вклучи во натпреварот во кој и победува со два нокаути, при што 168 килограми тешкиот ѕвер заработува парична награда од 466 долари. На социјалните мрежи се појави видео на кое Васили го испроба својот шамар на лубеница, а резултатот му се допаднал на Андерс кој има многу прашања:
„Што велат во видеото? Дали тие имаат категории? Како се вика тоа? Имам толку многу прашања“.