Ентони Смит истакнува дека Нгану нема што да бара против професионалните боксери

Френсис Нгану не успеа да се договори со УФЦ, па ја напушти најголемата светска ММА промоција.

Камерунецот имаше неколку барања во новиот договор, кои очигледно беа премногу за претседателот на УФЦ, Дана Вајт и раководството на организацијата.

Едно од неговите барања сигурно била можноста за бокс, лани извесен период беше актуелен и меч против Тајсон Фјури.

Но, многумина веруваат дека Френсис лошо би се снашол на тој меч. И Ентони Смит истакнува дека Нгану нема што да бара против професионалните боксери.

„Сакам сите борци добро да заработат, сите нека се пикнат во џебот на Дана што е можно повеќе. Но, јас сум реален, го разбирам спортот и оваа работа. Но, да речеме, Нгану да договори меч против Фјури, сите знаеме како би завршило тоа. Не знам како би победил Френсис“, рекол Ентони Смит и додаде:

„Но, тој е уникатен во ММА, но во професионалниот бокс би бил просечен удирач. Има потпросечно движење, а таква е и неговата одбрана. Лошо ќе помине против боксерите. Но, поради името сигурно еднаш ќе ја добие таа борба, но само таа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО