Ентони Смит: Чимаев се чувтсвува лошо, затоа што беше убиец

Поранешниот предизвикувач за титулата во тешка категорија на УФЦ, Ентони Смит, се произнесе во врса со случувањата околу Хамзат Чимаев. Пред неколку дена, непоразениот Чеченец шокираше со изјавата за повлекување од ММА. 26-годишниот Чеченец плука крв и сè уште не може да се опорави од Ковид-19.

Дана Вајт побрза да ја побие изјавата на Чимаев. Претседателот на УФЦ рече дека тој сака да тренира, но му било премногу лошо и тоа му влијаело во афект да каже дека се повлекува.

Смит има големо искуство во ММА и многупати бил во такви тешки ситуации.

„Гледате во ридот и понекогаш мислите дека не вреди. Кога сте повредени, мислите дека ова е планина по која не можете да се искачите. Понекогаш вашето тело ве изневерува и не можете да бидете она што сте биле порано. Ако не сте како порано, тогаш не сакате да се натпреварувате.

Хамзат Чимаев беше убиец. Ги скрши сите во кафезот. Неговите битки не беа дури и рамноправни. Сепак, сега тој е школка на неговото поранешно јас. Проблемот не е само физички, туку и ментален.

Постојат многу ментални проблеми во таква ситуација. Чимаев не е навикнат да биде слаб. Хамзат не е навикнат да се бори и да е тешко, затоа што е многу добар и работи исклучително напорно“, рече Смит.

https://www.youtube.com/watch?v=fTQHgLHDiRM&feature=emb_logo

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО