Андерсон: Аманда Нунеш е добар чекан, но не е добар клин (ВИДЕО)

Меган Андерсон едвај чека да влезе во кафезот со Аманда Нунеш. Тие ќе се борат викендов во подглавната борба на УФЦ 259, што ќе се одржи во Лас Вегас. Нивната битка е за титулата на УФЦ во лесна категорија.

Меган е поранешна шампионка на Инвикта и ова е голема шанса за неа. Таа може да го шокира светот со победа над Нунеш и нема што да загуби во битката. Андерсон е во серија од две последователни победи со завршница.

Таа верува дека Нунеш е добра во нападите, но не е толку добра во одбраната. Меган навести дека ќе ја стави шампионката под притисок и ќе се обиде да ја запре нејзината импресивна серија.

Не чека одличен судир, во кој спектаклот е гаранција.

„Аманда е феноменален чекан и тешко дека можете да ја запрете кога ќе здивее. Сепак, таа нема време да работи како клинец и да работи кога е под притисок. Добар чекан е, но не е добар клинец. Нунеш не прави никакви привлечни работи, што ја прави предвидлива.

Не и оди баш најдобро кога не е напаѓач во битката. Треба да влезам во кафезот и да го работам тоа во што сум добра. Многу сум добра во поставување стапици. Мојот тајминг е различен од другите. Правам многу финти со рацете и нозете.

Морам да поставам сè како што знам. Се надевам дека нема да ме потцени, бидејќи она за што сум способна е различно“, рече Андресон.

https://www.youtube.com/watch?v=57NUm6Tp-nw&feature=emb_logo

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО