Ентони Петис го раскина договорот со УФЦ (ФОТО)

Ентони Петис, поранешен шампион во лесна категорија на УФЦ, на социјалните мрежи објави дека се повлекува од најпознатиот ММА светски синџир.

„По 12 години, решив да раскинам со УФЦ за да бидам слободен агент“, напиша Шоутајм на својот Инстаграм профил, додавајќи го официјалното писмо до најпознатиот светски ММА синџир, како и благодарна фотографија – колаж.

Ентони Петис има вкупно салдо од 24 победи и 10 порази во ММА. Тој победи на 18 натпревари пред последниот удар во гонгот (11 со нокаут и 7 со завршница). 33-годишниот американски борец победи во 11 од 20 борби во УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО