Конор Мек Грегор покажа и фудбалска умешност (ВИДЕО)

Конор Мек Грегор ги покажа своите фудбалски вештини и се пофали со тоа на социјалните мрежи, тренираше со играчите на Лурдес Селтик.

По тренинг кампот во Португалија, со кој се подготвува за борбата со Дастин Пориер во јануари, Ирецот за празниците се врати во својата татковина, каде не заборави да се забавува на зелениот терен.

Фудбалерите на фудбалскиот тим изјавија дека се зачудени од брзината и ентузијазмот на „Озлогласениот“.

Во видеото Конор е во бел дуксер.

Мек Грегор е спонзор на Лурдес Селтик од почетокот на оваа година.

Фудбалот не му е непознат спорт на поранешниот шампион на УФЦ. Во септември, излегоа снимки од него како игра фудбал на плажа во Франција со Зинедин Зидан и Џеј џеј Окоча.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО