Ентони Џошуа: Усик е еден од најдобрите во историјата

Поранешниот шампион на ВБА, ИБФ и ВБО во тешка категорија, Ентони Џошуа (26-3) верува дека шампионот на ВБА, ИБФ и ВБО во тешка категорија, Александар Усик (20-0) може да го преземе статусот на еден од најдобрите во историјата.

Во последните 2 години видовме две борби меѓу Џошуа и Усик. Во септември 2021 година во Лондон Усик го победи Џошуа со едногласна одлука. Така го симна од тронот и му го нанесе само вториот пораз во кариерата.

Во август минатата година ја видовме нивната втора борба. Во неа Усик повторно го надмудри Џошуа и го победи со поделена одлука во Саудиска Арабија. „Еј Џеј“ сега се подготвува за Џермејн Френклин на 1 април во Лондон.

Ентони го фалеше Усик и го вклучи во листата на легендите.

„Усик направи добро. Тој е многу талентиран борец. Гледајќи наназад во аматерската кариера, тој освои светски првенства, победи на Олимпијадата, стана неприкосновен шампион во полутешка категорија.

Го сметам за еден од најдобрите полутешкаши на сите времиња. Сега ги зема своите жртви во тешка категорија.

Иако мразам да губам, му посакувам се најдобро бидејќи е голем шампион“, изјави Џошуа за ДАЗН.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @anthonyjoshua

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО