Ентони Џошуа отиде во салата на Канело Алварез

Поранешниот шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа, очигледно ќе направи промени за втората борба со Александар Усик. Последниве денови Џошуа беше во САД и посети две теретани, од кои едната е салата на Канело Алварез, сопственост на тренерот Еди Рејносо во Сан Диего, Калифорнија.

Во моментов, кариерата на Џошуа виси на конец и се чини дека очајно се обидува да спаси работите. Многу љубители на боксот веруваат дека Еј Џеј е на чекор конечно да го исфрли тренерот Роб МекКрекен и да тренира со нов тренер за реваншот со Александар Усик во март 2022 година.

На крајот на септември Џошуа беше издоминиран од Усик и се раздели со титулите во тешка категорија. По втор пат во кариерата Џошуа изгледаше беспомошно. За негова среќа, во договорот има клаузула за реванш која веднаш ја активира, па има шанса за поправен испит.

На социјалните мрежи беше објавено видео од посетата на Џошуа во салата на Еди Рејносо. Останува да видиме дали Џошуа ќе го смени тренерот за втората битка која ќе биде од големо значење за неговата кариера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО