Двократниот светски шампион во тешка категорија, Британецот Ентони Џошуа, одговори на понудата на Тајсон Фјури. Фјури неодамна му понуди на Џошуа да го тренира за втората средба со Александар Усик. Тајсон смета дека само така Џошуа ќе има шанса да победи против ѕвездата од Украина.
Џошуа и Усик ќе имаат реванш на 20 август во Саудиска Арабија. На крајот на минатата година во Велика Британија Усик доминираше над Џошуа и го симна од тронот во тешка категорија. Александар сега е голем фаворит во пресрет на втората средба меѓу нив.
„Може ли да научам нешто од него? Не, искрено кажано. Ако навистина сте во пензија, земете пиво и опуштете се. Или помогнете им на оние кои имаат потреба. Зошто зборуваш за мене?
Да, тој е извонреден лик, но не би прифатил помош од него. Јас ја работам мојата работа, а тој својата“, изјави Еј Џеј за Мирор.