Оливеира: Ќе го победам Ислам, па ќе го предизвикам Хабиб

Бразилскиот ММА борец Чарлс Оливеира повторно проговори на тема посакувани противници. Сега откри дека би сакал да се бори со Дагестанецот Ислам Махачев, а потоа да се бори со Хабиб Нурмагомедов.

Оливеира неодамна изјави дека го заслужил правото на избор и дека го сака Конор Мек Грегор. Ова е борбата која на Бразилецот ќе му донесе најмногу приходи. Чарлс доаѓа по победата во мај над Џастин Гејџи.

За жал, неуспехот на мерењето го чинеше појасот, кој моментално е слободен. Во последно време се шпекулира дека Махачев ќе се бори со Оливеира во Абу Даби. Чарлс не сака да се бори таму, бидејќи судиите може да го ограбат.

Поранешниот шампион е подготвен за Ислам, но сака тоа да биде во Бразил.

„Ќе го победам. Слушај, ќе го победам Ислам Махачев. Проблемот на оваа категорија се нарекува Чарлс Оливеира. Заборавете на Конор Мек Грегор. Ајде да го направиме тоа. Чарлс Оливеира против Ислам Махачев во Бразил.

Тогаш кој знае, можеби Хабиб Нурмагомедов ќе ја продолжи кариерата за да се бори против мене. Ќе го победам Ислам и ќе го предизвикам Хабиб“, изјави Оливеира за Спорткееда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО