Ентони Џошуа: Сакам да се борам со Дејвид Хеј!

Dzosua Hej

Англискиот боксер во тешка категорија, Ентони Џошуа, го истакна својот нареден предизвик. Олимпискиот шампион од Лондон во супертешка категорија го мерка поранешниот носител на светската круна Дејвид Хеј.

„Ако треба да бирам, токму Хеј е човекот со кого сакам да се сретнам. Тој е најдобар. Кога се бориш со најдобрите го даваш најдоброто од себе. Имам потреба да направам чекор напред. Тоа го правам во моментов. Битно е да се прифаќаат и ризични натпревари“. Следниот противник на Џошуа е американскиот ветеран Кевин Џонсон. Нивната борба е на 31 јануари. Досега, Британецот победи во сите 10 натпревари со нокаут.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО