Светскиот шампион во тешка категорија во верзиите на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО, Ентони Џошуа кој има 22 победи од 22 натпревари на професионалниот ринг покажа со што се храни пред борбата на 1 јуни со Џарел Милер.
Британецот го покажа својот дом неговиот Јутјуб канал, a еден од најважните моменти во видеото е погледот во неговиот фрижидер.
„За жал немам шампањ, ниту вотка. Само вода и сок. Многу зеленчук и ништо интересно“, рече Ентони Џошуа.
https://www.instagram.com/p/BurNV88FcdP/?utm_source=ig_embed
Џошуа откри дека живее и се подготвува за големите борби во еднособен стан во Шефилд, иако неговите спортски успеси се проценуваат на околу 100 милиони фунти. Олимпискиот шампион од Лондон 2012 го прошета новинарскиот тим во малата просторија во која живее, а објави дека некои од работите во станот се околу 7 години.
Инаку станот не е многу голем, а во спалната соба има два кревети, додека во дневната има мал телевизор, тросед, две столици и две фотелји.
.