ТЈ Дилшоу падна на допинг тестот и се откажа од титулата

Шампионот на УФЦ во бантам, ТЈ Дилшоу бил позитивен на допинг тестот.

33-годишниот Американец веста ја објави преку социјални мрежи и објави дека се откажал од титулата, пред УФЦ да му ја одземе.

Објави дека Спортската комисија на Њујорк и УСАДА го известиле дека тестот е позитивен. NYSAC го суспендира една година.

„Сакам да бидам првиот што ќе ги информира фановите дека УСАДА и NYSAC ме известија за позитивниот тест направен по мојата последна борба. Со зборови не може да опишам колку сум разочаран. Но, треба да знаете дека работам со мојот тим, за да сфатиме што се случило и како да решиме ова што е можно побрзо. Поради искреност и почит кон другите во категоријата го и звестив УФЦ дека доброволно ќе се откажам од титулата, додека ја решавам оваа ситуација. Сакам на сите однапред ви се заблагодарам“.

Не објави на што бил позитивен.

Дилшоу во последната борба во јануари се спушти во мува категорија и загуби со нокаут во 32 секунда од првакот Хенри Сехудо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО