Ентони Џошуа: Најдобрите треба да се борат помеѓу себе

Поранешниот светски шампион Ентони Џошуа ги повика Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури да изберат подобри ривали. „Најдобрите треба да се борат со најдобрите“, изјави суперѕвездата за Скај спорт. АЏ е жеден за реванш и е убеден дека ќе се врати на 7 декември против Енди Руиз Јуниор.

Тој сака да ја оствари својата цел, собирајќи ги сите светски појаси кај тешките. Сепак, тоа не е можно, затоа што Вајлдер го избегнува, вели Британецот.

„Тајсон Фјури се бори против Ото Валин, но никој не зборува за тоа“, рече Џошуа. „Јас се борев со Валин како аматер. Вајлдер и Фјури се креатори на тешка категорија и не треба да одат против ваквите луѓе. Тие не сакаат да се борат со мене. Еди Херн ми рече дека кога ќе си ги вратам појасите, јас ќе ги диктирам правилата. И овозможувам на луѓето да се борат пред најголемата публика. Пред најглобалната публика. Руиз заслужува почит, затоа што се осмели“, истакна Џошуа.

„Мануел Чар, Мајкл Хантер? Како да се бори со некој како Чар? Го сакам најдоброто и Енди беше најдобриот во моментот. Сега погледот ми е целосно насочен кон него и реваншот. И никој да не ми зборува за Вајлдер и Фјури после тоа, затоа што тие веќе си ја резервираа 2020 година! Сè додека не се ослободат, не ми зборувајте за нив“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО