Шампионот во тешка категорија Ентони Џошуа е голем обожавател на тронови и ја споредува сегашната состојба на боксот со познатата серија. ЕЏ ги предупредува идните противници Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури дека зимата ќе дојде порано или подоцна за нив. Токму сега Џошуа има 4 појаси во категоријата и му е потребен уште оној на Вајлдер, за да стане неоспорен шампион. ЕЏ нема трпение да го победи Вајлдер и да заседне на железниот престол.
„Го имам тоа што го сакаат другите, а тоа се четирите титули. Што ќе се случува во Играта на троновите, ако некој од хероите има најголема моќ? Оној кој има најголема моќ ќе владее со седумте кралства. И давам на тие момци добри зделки да се борат со мене, за да можат да инвестираат во нивната подготовка, и може да дојдат и да се борат со мене за превласт во категоријата.
И луѓето од надвор гледаат и велат: „Ова е твојата шанса, зграпчи ја“. Така што не знам што се случува и во моментов ја играме играта на троновите, но не знам зошто. И дадовме понуди на тие луѓе. Вајлдер ни направи понуда, но тоа беше од него, а не од телевизискиот оператор или од спонзорот. Му дадовме понуда и на Фјури, но тој не сакаше проценти, но солидна сума.
Сите ние се обидуваме да бидеме светски лидер, тоа е местото кад ешто се обидуваме да стигнеме. Но, има и некои компликации – постојат управни тела и моќни, моќни телевизиски компании и секој има свој сопствен интерес“.