Јанина и Јон – близнаци медалисти на Државното првенство за Кеикс

На Државното првенство за деца од 11-14 години кое вчера се одржа во Кавадарциго одбележа и настапот на близанците Јон и Јанина Дардишта. Сестрата близначка беше по успешна, Јанина во +54 кг по втор пат стана државен првак, а Јон (+55 кг) беше трет. Близнаците Јон и Јанина се членови на КК Кеикс кои во континуитет нижат врвни спортски резултати, што се должи, како што вели нивниот тренер Елвир Куртановиќ, на упорноста и редовноста на близнаците Дардишта.

Тој вели дека Јанина веќе покажала и докажала дека е сериозна закана за европскиот и еветскиот трон.

„Полека но сигурно, под строг надзор и правилен тренажен процес, сакаме да ги искористиме потенцијалите на таленти како што се Јанина и Јон и да се закитиме со европски и еветски медали“, вели Куртановиќ.

Шкодране Зенуни Дардишта која е поранешна каратистка, мајка и успешна деловна жена, сега и дел од тренерскиот тим на Кеикс, воедно и мајка на Јон и Јанина, ја сметаат за најомилено лице во клубот.

„Спортот целосно ме исполнува. Секогаш кога ќе влезам во сала и ќе ги видам тие насмеани лица, кои искрено и без посебна причина те сакаат и почитуваат, ми даваат посебна енергија и сеќавања на времето кога јас тренирав и се натпреварував. Не се штедам кога треба да вложам во моите деца да бидат среќни и успешни, што го гледам на нивните лица по напорните тренинзи и натпревари. Затоа и посакувам и препорачувам на сите родители да се заложат повеќе за своите деца, за да ги направите среќни и весели. Не сум многу настојчива како мајка, но како тренер да. Барам да го дадат својот максимум, а за успесите нека пресудат оние што се задолжени за тоа. Грешките секогаш ги барам во своите редови и мислам дека само така се оди кон врвот“, истакнува Шкодране.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО