Ентони Џошуа му порача на Џозеф Паркер: Подготвен сум за војна!

Ентони Џошуа изјави дека е подготвен за тешка борба со предизвикувачот Џозеф Паркер.

„Добро е што сака сериозна борба”, рече Џошуа.

„Во боксот ти е потребно само здрава брадичка и тежок десен удар. Но јас сум тренирал и многу други работи, како фитнес, техника и контранапади. Се надевам Џозеф Паркер ќе влезе во стапиците што му подготвив, на што ќе додадам и доста силни удари. Да, ќе бидам подготвен за војна, се надевам дека ќе има крв, пот и аплауз за мојот агол“, истакна Џошуа.

28-годишниот Џошуа ги нокаутира сите свои 20 противници и стана најголема британска ѕвезда во рингот. Сепак, Паркер е непобедлив во своите 24 битки, од кои 18 се со нокаут.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО