Ако победи Паркер, Џошуа ќе добие реванш меч

Ентони Џошуа и Џозеф Паркер ќе имаат реванш меч само ако утре Британецот загуби, истакнува менаџерот Еди Херн. Промоторот не го кажува ова директно, но заклучокот е направен од контекстот.

„Дали ќе има реванш е прашање кое е дефинирано во договорот меѓу двете страни. А како што знаете, тој е доверлив. Се зависи од развојот на мечот. Ако бидеме сведоци на изненадување и борбата навистина биде врвна, тогаш така може и да биде предизвикан“, рече Херн.

Џошуа ќе заработи 13 милиони долари од битката на „Принсипалити Емирати“ во Кардиф, додека за Паркер ќе останат околу 7.

Според планот на Херн Еј Џеј ќе боксира уште два пати до крајот на годината, во зависност од неговата состојба по средбата со непоразениот Новозеландец. Неговиот втор меч мора да биде во јули, како доброволна одбрана на ВБА појасот. Фаворит за да се сретне со него е Џаред Милер – Големото бебе. Третиот судир може да биде и оној што го посакуваат навивачите со Дионтеј Вајлдер. Ова значи дека победата на Џошуа во сабота ја отфрла опцијата за реванш со Паркер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО