Шампионот во тешка категорија, Ентони Џошуа, му оддаде почит на легендата Мајк Тајсон.
„Мајк Тајсон ќе ме претепа. Едноставно, само ќе сакав да го земам чекот и да го прифатам крајниот реузлтат. Тој беше голема ѕверка. Само почит за него“, призна Британецот.
Интересна е споредба што може да се направи меѓу нив двајца е дека во првите 19 меча забележале победи со нокаут.
Тешко би било да се замисли дека Џошуа ќе постигне 37 последователни победи во професионалниот бокс пред да го забележи првиот пораз, како што беше случајот со Тајсон.