Алистер Оверем заработи 800.000 долари за победата над Вердум

ММА ѕвездата во тешка категорија Алистер Оверем ја предводи листата на најголемите хонорари на галавечерта на УФЦ 213 во Лас Вегас.

Холанѓанецот го победи Фабрицио Вердум во третиот меч меѓу нив. За победата поранешниот шампион на К-1 ќе добие 800.000 долари. Наградата за неговиот ривал беше 275.000. Тој имаше можност да заработи уште 125.000 долари за победа, но не ги доби.

Учесниците во главната борба Роберт Витакер и Јоел Ромеро поделија по 350.000 долари. Тие добија уште по 50.000 долари за изведба на вечерта. Вкупната сума на хонорарите изнесува 2.596.000 долари.

https://youtu.be/mR00TrjpOjA

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО