Светскиот шампион во бокс во тешка категорија на ИБФ, Ентони Џошуа, стана предмет на антимуслимански напади, откако на социјалните мрежи обајви слика како се моли во џамија. Сликата е од Дубаи и го покажува 27-годишниот Британец клекнат на земјата со упатен поглед нагоре.
Џошуа не е муслиман, но е заинтересиран за исламската религија и коментарот му гласи: „Освен среќата, напорната работа и талент… Молитвата е солидна основа. За мене беше задоволство да се приклучам на мојот брат, кога ја водеше попладневната молитва“.
Ентони се уште е на одмор, но наскоро му претстои почетокот на сериозни подготовки за судирот со Владимир Кличко на 29 април на стадионот „Вембли“ во Лондон.
Некои од коментарите под постот едвај ќе му помогнат да се опушти и да се наслади на престојот во ОАЕ. Се разбира, има и такви кои ја одобруваат сликата. Но, има и такви кои се крајно критични. Многу фанови дури се закануваат дека нема да го поддржат олимпискиот златен медал во стремежот да го придодаде појасот на ВБА кон титулата на ИБФ.
„Исусе Христе, ќе се откажам да те следам, ако ти ја следиш оваа назадна религија“!
Друг корисник пак коментира: „Се надевам Кличко ќе те уништи сега“!
Но имаше и луѓе кои побрзаа да варат на троловите и да го поддржат боксерот. „Тој се уште е голем борец, но некои избираат да не го поддржат. Жал ми е за вас“.
„Лаги и клевети, дистрибуирни од оние кои немаат познавање. Нека Аллах ве води кон вистинскиот пат“, вели друг.
А трети коментираат: „За сите луѓе, кои мразат. Мухамед Али беше муслиман и најголемиот на сите времиња, го мразите ли и него, момци“?
Минатата година во интервју Ентони Џошуа откри дека се моли пред да се качи на рингот, но потоа прецизира: „Јас немам најпосакувана религија: Се уште сум во процес на барање. Роден сум христијанин, но се претворив во маж, кој не се идентификува со одредена религија. 100 проценти имам вера и тоа ми одговара“.
Тој сепак очигледно е заинтересиран за исламот, бидејќи на други слики позира со пријатели, облечени во традиционална облека. А порано се обнрати на своите 800.000 следбеници на „Твитер“, пожелувајќи им „Еид Мубарак“ (во превод: „Среќен празник“).
https://www.instagram.com/p/BPXM8Sxjp91/?taken-by=anthony_joshua
Ентони Џошуа е подготвен да се сретне со Кличко на „Вембли“ во меч кој ќе ги собори сите додегашни рекорди. Досега се продадени над 80.000 влезници, а промоторот Еди Херн се надева дека ќе се зголеми капацитетот до речиси 90.000 гледачи.