Ентони Џошуа: Фалш боксери да не ми го трошат времето

Entoni Dzosua so edi hern

Светскиот шампион Ентони Џошуа упати предупредување до сите „лажни“ боксери да не му го губат времето и дека тој сака сериозен нареден кандидат.

Меѓу можните противници на Британецот е и европскиот шампион Кубрат Пулев, кој наскоро може да добие нова шанса да се бори за светската титула. Бирмејн Стиворн е задолжително предизвикувач, Џозеф Паркер е во останатите опции на Џошуа.

Промоторот на светскиот шампион, Еди Херн, изјави дека се уште тој и неговиот тим се во процес на избирање на следниот ривал на Британецот и додаде дека веројатно наскоро ќе има избор на противникот.

Херн изјави на социјалната мрежа Твитер: „Се уште ги делиме оние кои велат дека го сакаат од оние кои навистина го сакаат“.

Тука се замеша и Ентони Џошуа кој повторно на Твитер додаде: „До сите потенцијални кандидати … молам, не ми го трошете времето! Во предвид доаѓаат само сериозни кандидати“!

Имаше можност Џошуа да се сретне со помладиот братучед на Тајсон Фјури – Хју Фјури, но сличен меч ќе се случи најрано следната година. „Овој меч беше предложен, но од тимот на Фјури преферираат тоа да се случи идната година. Нема проблем“, појасни Еди Херн.

Во моментов Ентони Џошуа е на одмор, откако оваа година ги победи над предизвикувачите Чарлс Мартин и Доминик Бризил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО