Лукас Карпалек и Кајла Харисон ги освоија првите златни медали за Чешка и САД

Karpalek i Gasimov

Лукас Карпалек од Чешка ја освои шампионската титула во категоријата до 100 килограми на Олимписките игри во Рио де Женеиро, совладувајќи го најдобро рангираниот џудист,  Елмар Гасимов, од Азербејџан со ипон.

Карпалек е светски првак од 2014 година во Челебјинск,  прв на Гранд слем турнирите во токио и Париз во 2013 година. Гасимов годинава го освои првото место на Мастерс турнирот, како и минатата година во Мароко, а триумфираше и на Гранд слем турнирот во тујама во 2014 година.

Рјуносуке Хага од Јапонија и Сирил Марет од Франција го освоија бронзениот медал.

-100 кг

1.Лукас Марек – Чешка

2.Елмар Гасимов – Азербејџан

3.Рјуносуке Хага – Јапонија

3.Сирил Марет – Франција

Kajla Harison sampion dzudo

Кајла Харисон (-78 кг) го освои првиот златен медал за САД држави на Олимпијадата откако во финалето со ипон ја совлада Французинката Одри Чеумео.

Всушност, Харисон ја одбрани титулата од пред четири години од Лондон, а беше прва и на Мастерс турнирите во 2015 и 2016 година. Додека Французинката е светскипрвак во 2011 година, а во 2014 е вицешампион и е прва на Гренд слен турнирот во праиз 2015 година.

Словенката Веленшек го освои вториот медал на Олимпиксите игри за Словенија, по златниот медал на Тина Трстењак.

Harison borba

-78 кг

1.Кајла Харисон – САД

2.Одри Чеумео – Франција

3.Мајра Агуар – Бразил

3.Анамари Веленшек – Словенија

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО