Ентони Џошуа е најдобро платениот боксер

Светскиот шампион во тешка категорија на ИБФ, ИБО, ВБА и ВБО Ентони Џошуа (21-0, 20 КО) веќе е најдобро платениот боксер на планетата според новото рангирање на „Форбс“.

https://www.instagram.com/p/Bi1scqRlA9T/?utm_source=ig_embed

Британецот го заслужи ова место со рапродадените мечеви на фудбалските стадиони во неговата татковина. На пример, на последната средба Џошуа освои 25 милиони долари за победата над Австралиецот Џозеф Паркер. Еј Џеј се очекува да остане на врвот некое време, бидејќи неодамна доби понуда во вредност од 50 милиони долари за обединувачки дуел со шампионот на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер.

Мексиканската суперѕвезда Сол Алварез – Канело кој до неодамна ја предводеше листата, падна од прва на третата позиција. Двата позитивни допинг примероци во февруари негативно влијание врз финансиската состојба.

Ранг листа на Форбс:
1.Ентони Џошуа
2.Генади Головкин
3.Саул Алварез
4.Васил Ломченко
5.Доналд Вајлдер
6.Ерол Спенс Џуниор
7.Теренс Крафорд
8.Сергеј Ковалев
9.Даниел Џејкобс
10.Мајк Гарсија
11.Џермал Шарло
12.Џермел Шарло
13.Адријан Бронер
14.Шрисакет Сор Рунгвисај
15.Кит Турман

https://www.instagram.com/p/Bi5J8F6D-MO/?utm_source=ig_embed

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО