Македонскиот репрезентативец Енис Алиу е прогласен за најдобар боксер на Меѓународниот боксерски турнир „Арена куп“ во организација на БК Чаир, кој денес се одржа во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“.
Лек Јунику од Косово е избран за најдобар техничар, а Матеј Чатлески и Даниел Спасовски се најборбениот пар, додека Хиојел Маркја е најдобриот странски боксер. Ружди Рустемовски е најдобриот македонски боксер, а Лука Трифуновиќ го понесе признанието за најферплеј боксер, Амар Салихи е прогласен за најперспективен боксер, а Александар Панов е најмладиот боксер на турнирот, додека Мердијан Алини е најдобар кадет. Омер Абдули е најборбен кадет. Најдбар тренер на турнирот е Бесим Брахими, а Латиф Демоли е надобар странски судија, додека најдобар македонски судија е Стефан Цубалевски.
Резултати – Арена куп:
Кадети
50 кг Сулај Линдон (Албанија) – Омер Абдули (Чаир) 0-3
50 кг Дарис Алиу (Косово) – Александар Панов (Пинк пантер тим) 0-2
52 кг Ердан Алиу (Косово) – Мердијан Алини (Хасан бег) 0-3 ТКО Р2
57 кг Денис Красниќи (Косово) – Марко Патрески (Ас) 3-0
60 кг Најден Димитров (Бугарија) – Димитар Ѓорески (Алексо Огненоски) 1-2
63 кг Нуиш (Чаир – Омер Ганији (Фајтер илери) 3-0 ТКО Р1
66 кг Маркја Хиојел (Албанија) – Јаким Јовановски (Фајт клуб 1402) 2-1
70 кг Морина Луан (Косово) – Димитар Јарамув (Бугарија) 3-0 ТКО Р1
75 кг Иван Божинов (Бугарија) – Амар Салихи (Чаир) 0-3 ТКО (пред.) Р2
Јуниори
57 кг Адријан Русметовски (Пелистер 2007) – Лука Трифуновиќ (Илинден) 0-3
60 кг Реџеп Морина (Косово) – Ружди Рустемовски (Пелистер 2007) 0-3 КО Р1
67 кг Планет Бериша (Косово) – Енис Алиу (Алексо Огненовски) 0-3
67 кг Адни Бакиу (Чаир) – Давид Спасовски (Медитеран) 3-0
71 кг Леке Јунику (Косово) – Влатко Василевски (Баргала) 3-0
80 кг Матеј Чатлески (Ас) – Даниел Спасовски (Медитеран) 3-0
86 кг Арнис Даутај (Косово – Лиси Коџаџику (Синди) 1-2