Дионтеј Вајлдер: Александар Усик се плаши од мене

Поранешниот шампион на ВБЦ во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер (43-2) има намера да стапи во контакт со тимот на шампионот на ВБА, ИБФ и ВБО, Александар Усик (20-0) за да види дали можат да се борат. Во последната година Усик му даде надеж на Вајлдер и рече дека е подготвен да се бори со него.

Александар не успеа да се разбере со Тајсон Фјури, а потоа погледна кон Вајлдер. За жал, не успеа ниту со Вајлдер, па сега Усик ќе се бори со Даниел Дубоа. Се вели дека двајцата ќе ги одмерат силите во август во Полска.

Вајдлер се уште се надева на борба со Украинецот кој се плашеше од него.

„Ќе видиме што ќе се случи понатаму. Се надевам дека Усик ќе си го одржи зборот. Ќе ги повикаме неговиот тим и неговиот менаџер. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите.

Ако го одржи зборот, нашата борба ќе биде проклето добра. Подготвен сум да се борам со Усик, но тој се плаши од мене. Многу се плаши. Во овој бизнис сум долго време и знам за што зборувам“, изјави Вајлдер за ЕСЊуз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО