Енди Руиз се закани дека нема да се бори со Џошуа во Велика Британија

Изненадувачкиот шампион на три од четирите боксерски федерации во тешка категорија, Енди Руиз-Јуниор, се закани на социјалните мрежи дека нема да влезе во Британија за реваншот против поранешниот првак Ентони Џошуа.

Руиз го објави соопштението само неколку часа по веста дека неговиот колега Дилиен Вајт бил позитивен на допинг тестот пред неговиот последен меч со Оскар Ривас. Според гласините, Аанти-допинг агенција на Велика Британија знаела за тоа и сепак дозволила Вајт да се сретне со Ривас.

Токму овие широко распространети гласини досега го испровоцираа Руиз Јуниор да напише дека нема да се бори во Велика Британија. Сепак, одлуката не зависи од него, по неколку пати во интервјуата промоторот Еди Херн објасни дека во договорот е опишано кој и кави права има. Руиз едноставно мора да почека да дознае каде ќе се случи долгоочекуваната битка, а најверојатно ќе биде во Кардиф.

Интересно е што само седум часа по неговата закамна Руиз објави нова објава на Твитер, велејќи дека без оглед дали реваншот е во САД или Велика Британија борбата ќе биде епска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО