Почина уште еден боксер по меч

Уште една смрт го забви боксот во црно само неколку дена по смртта на Русинот Максим Дадашев. Тоа го објави Светскиот боксерски совет (ВБЦ).

Името на починатиот од повредите добиени во рингот е Хуго Сантијан, тој е Аргентинец и има 23 години.

Учествувал во пресметката на 20 јули со Уругваецот Едуардо Хавиер Абреу. Деталите за повредите не се споменуваат, но судејќи според нерешниот резултат по десете рунди, мечот бил многу контроверзен.

„Почивај во мир. Заедно сме со семејството во тагата и ја искажуваме нашата целосна поддршка“, напишаа од ВБЦ на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО