Енди Руиз се враќа во рингот на 1 мај против Ареола

Поранешниот светски шампион во бокс Енди Руиз (33-2) се враќа во рингот на 1 мај, а противник ќе му биде Крис Ареола (38-6-1, 2 НЦ). Тоа ќе биде прв меч на американско-мексиканскиот борец од 7 декември 2019 година, кога загуби од Ентони Џошуа со едногласна одлука, а потоа мораше да ги врати титулите ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО што ги освои шест месеци порано против Британецот.

„Подготовките со тренерот Еди Рејнос беа одлични. Тренирам со големи борци како Канел Алварез,аи сите тренираме и работиме многу за да бидеме што подобри“ – вели Енди Руиз и додава:

„Крис е мексикански воин како мене. Очекувам да ме нападне со сите сили, тоа ќе биде борба полна со акција. Но, мора да боксирам паметно и да се вратам на позицијата за повторно да станам светски шампион.

Крис Ареола порано беше успешен во тешка категорија, но никогаш не беше светски шампион. Тој се избори за борба за титулата три пати, но никогаш не го освои шампионскиот појас. На тој пат го запреа Витали Кличко (2009), Бирмејн Стиворн (2014) и Дионтеј Вајлдер (2016).

„Драго ми е што навивачите ќе го следат судирот на двајцата најдобри мексиканско-американски тешкаши. Се надевам дека навивачите ќе уживаат во нашата борба“, истакна Крис Ареола и најави победа.

Последната борба ја имаше во август 2019 година кога загуби против Полјакот Адам Ковнацки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО