Предизвикувачот за светската титула во тешка категорија Енди Руиз Јуниор, влегувал во улична тепачка со полицајци како мал. Нокаутерот имал 11 години кога се степал со полицајци. Приказната ја раскажа тој самиот.
Во сабота Мексиканецот ќе се бори со Ентони Џошуа во Медисон сквер гарден.
„Како дете секогаш бев лошо друштво. Моите роднини се криминалци. Сите се занимваат со дрога и беа во банди. Татко ми ме спаси. Тој постојано ме тераше да одам во боксерската соба. На 10-11 години се спречкав со полицајци. Добивав удари од возрасни мажи. Токму тоа ме искали“, рече Енди Руиз.