Тони Фергусон: Нема да видите друг како мене

Поранешниот привремен шампион во лесна категорија, Тони Фергусон, допрва треба да се докаже. Тони е во серија од 11 последователни победи, но и покрај тоа не доби шанса да се бори со Хабиб Нурмагомедов, затоа што повторно одби да се бори за привремената титула против Макс Холовеј.

Сега Тони ќе влезе во кафезот против опасен противник во лицето на Доналд Цероне, кој, исто така, тврди дека имаа претензии за освојување на титулата и нема лесно да се даде. Тие  ќе се сретнат на УФЦ 238 следниот викенд во Илиноис.

Фергусон сериозно се подготвуваше за битката и рече дека нема друг како него:

„Ги почитувам борците кои се елитни и ме излудуваат во кафезот. Тие борци се елита, но јас сум нешто друго. Нема да видите некој како мене во оваа борба. Јас сум гладен, и јас ќе ја надминам мојата цел. Мојот пристап е поинаков. Не треба да зборуваш глупости, за да се пробиеш во оваа индустрија. Оставаш да зборуваат твоите тупаници. Еден од моите противници Хабиб има обичај да зборува за глупости, но нека дојде. Тргнав по каубојот“.

https://www.instagram.com/p/ByB0h4EBdAc/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/ByBzP4LBl3h/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО