Енди Руиз: Сакам трет меч со Ентони Џошуа!

Американецот Енди Руиз, кој ја загуби борбата за светската титула во тешка категорија од Ентони Џошуа, призна дека не бил добро подготвен за двобојот и оттаму е поразот со зголемената тежина.

„Сакам трет меч против Ентони Џошуа! Нема да се извинам затоа што ЕЏ беше подобар, ова беше негова вечер. Одлично ме разигруваше, се движеше, а јас го бркав. Мислев дека со повеќе килограми ќе удирам посилно, но премногу се двоумев, моите комбинации не се вклопуваа. За третиот меч ќе бидам во најдобра форма, ќе бидам посветен, ќе тренирам повеќе со мојот тим. За оваа средба тренирав сам. Благодарност до сите кои вечерва ме поддржуваа“, рече Енди Руиз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО