Хабиб главна ѕвезда на мечот Џошуа-Руиз (ВИДЕО)

Синоќа на боксерска ноќ во Диријах, Саудиска Арабија, на настанот Руиз-Џошуа 2 имаше многу ѕвезди од светот на боречките вештини, акамерите често се насочуваа кон Хабиб Нурмагомедов.

Џошуа требаше да биде најголемата ѕвезда на вечерта, но се до моментот кога во арената се појави шампионот во УФЦ, Хабиб Нурмагомедов. Дагестанецот влезе во салата и беше громогласно поздравен од публиката.

Нурмагомедов несомнено е голема ѕвезда каде и да се појави, а посебно во арапскиот свет, каде и што ја бранеше титулата против Дастин Пориер, и не е ни чудо што тој беше добредојден на овој голем боксерски настан во Арабија.

Во главната приказна на вечерта, Ентони Џошуа го совлада Енди Руиз со едногласна судиска одлука и по втор пат освои четири титули во тешка категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО