Енди Руиз Јуниор (33-1, 22 КО) во Сан Диего направи отворен тренинг пред реваншот со Ентони Џошуа во Саудиска Арабија.
30-годишниот Мексиканец го замени Џарел Милер откако падна на допинг-тестот и на 1 јуни го совлада Британецот во седмата рунда во њјоршкиот Медисон Сквер Гарден, откако претходно прв пат се најде во нокдаун во професионалната кариера. Руиз вкупно четири пати го собори противникот, му го нанесе првиот пораз во кариерата и ги зеде појасите светски првак во тешка категорија на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО.
„Уништувачот“ за тој меч тежеше 121,6 килограми, а во реваншот планира да влезе полесен.
Пред навивачите и новинарите работеше со својот тренер Мани Роблес.