Енди Руиз до Џошуа: Не го потценувај дебелото момче, оти ќе те нокаутира!

Енди Руиз го предупреди Ентони Џошуа дека не треба да го потценува пред нивната борба. Тие ќе се сретнат следниот месец во Медисон сквер гарден.

Првично Џошуа требаше да ги брани титулите против Џарел Милер, но Американецот падна а допинг тестот и отпадна од дуелот. Руиз ја прифати оваа златна можност и е подготвен да ги побие сите што се смеат на неговиот изглед. Енди е подготвен да ги шокира сите.

„Ентони, не го потценувајте ова мало и дебело момче. Доаѓам за тебе и ќе паднеш. Тој е шампион и нема ништо лошо да се каже за него. Тој е голем, но јас сум, и мислам дека големината не е важна во оваа борба. Јас сум борец кој се бори кој сака да комбинира и да излезам за победа. Многумина ме потценуваат, но на 1 јуни сум подготвен да ги побијам и да ги шокирам.

Ова е одлична шанса за мене и можам да станам првиот Мексиканец кој ќе има титули во тешка категорија. Тренирам напорно и не престанав да го правам тоа. Сето тоа се случи премногу брзо и јас сум благословен, возбуден и среќен“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON