Хабиб доби инструкции за наредните три меча: Го нема Конор, но Сент Пјер се враќа во игра!

Менаџерот на Хабиб Нурмагомедов, Али Абделазиз информираше дека шампионот во лесна категорија сака три пати да ја брани титулата во следните 11 месеци.

Нурмагомедов (27-0) ги почна постите вои светиот месец Рамазан. Абделазиз вели дека Хабиб ќе продолжи да тренира и да се фокусира на тренинзите ноќе, бидејќи сака да се бори во септември, декември и април следната година.

„Тој ми даде многу прецизни упатства. Хабиб ми рече дека сака да се бори во септември, декември, а потоа во април следната година. Поранешниот шампион Жорж Сент Пјер ќе има доволно време да ја поправи својата врска со УФЦ, а Хабиб следната година сака да се бори во април. Имаме многу кандидати во лесна категорија и треба да се бори и да ја брани титулата. Хабиб веќе го правеше тоа, кога се бореше со Јакинта, Барбоза и Мек Грегор за помалку од една година.

Во април 2020 година можеме да се бориме против ЖСП или против еден од кандидатите. Конор прво мора да се победи еден од Џастин Гаетје, Тони Фергусон или Доналд Цероне. Во моментов тој не е достоен противник. Сите ние во нашиот тим се на тоа мислење.

Мешаните боречки вештини на Блискиот Исток и Северна Африка станаа толку популарни бидејќи Хабиб ја доби битка против Мек Грегор, затоа што Хабиб ги почитува тие луѓе. Хабиб сака да и покаже на овие млади муслимански деца дека постои нешто што се вика УФЦ и може да станат шампиони на УФЦ, без разлика од која раса или религија доаѓаат. Ова е многу посебно за Хабиб. Тој е амбасадор за тој регион“.

https://www.instagram.com/p/BxCdOGQAuIe/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО