Емир Ибраим стартуваше со победа на Светското првенство во кик бокс

Емир Ибраим ја извојува првата победа за Македонија на Светското сениорско првенство во Сараево, Босна и Херцеговина, откако го совлада Руци Лучјано од Грција со 3-0.

Емир водел во сите три рунди, според известувањата од нашиот табор.

Ибраим во четвртфиналето ќе се бори со рускиот репрезентативец Борис Шикунов, ако го победи ќе обезбеди место во полуфиналето и најмалку бронзен медал.

Даниел Митров го доби противникот за четвртфиналето и ќе се сретне со Максим Казаку од Молдавија. Исто така, противникот го дозна и Роберт Костовски кој ќе се бори со Сони Даграед од Белгија во четвртфиналната средба.

Останатите наши репрезентативци настапуваат од утре.

Резултати

63,5 кг, лоу кик
Емир Ибраим – Руци Лучјано (Грција) 3-0
Емир Ибраим – Борис Шикунов (Русија)

-86 кг, лоу кик
Димитар Ѓоргиев – Љубо Јалови (Србија)

-57 кг, К-1
Даниел Митров – Максим Казаку (Молдавија) 2.коло

-67 кг, К-1
Дарко Најдов – Димитар Стојанов (Бугарија) 2.коло

-71 кг, К-1
Роберт Костовски – Сони Даграед (Белгија) 2.коло

-81 кг, К-1
Бобан Илиоски – Нијат Хејдаров (Азербејџан) 2.коло

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО