Да се потсетиме на настапите на Мајк Тајсон и Флојд Мејведер за ВВЕ (ВИДЕО)

Тајсон Фјури не е првиот шампион во боксот кој ќе настапи за најголемата светска промоција на борењето (кечерска).

„Кралот на Циганите“ во Саудиска Арабија на 31 октомври на Ворлд врестлинг ентертејмнт настанот Краун Џевел ќе одработи меч со Браун Строуман. Поранешниот светски шампион во тешка категорија за настапот треба да заработи 15 милиони долари.

Пред него за најголемата кечерска промоција настапуваа легендарните боксери Мухамед Али, Мајк Тајсон и Флојд Мејведер.

Во 1998 година, Тајсон доби повеќе од 3 милиона долари за настап на Врестлеманија XIV.

Десет години подоцна во Врестлеманија XXIV, Флојд Мејведер го нокаутира Биг Шоу. Неговата плата, наводно, била 20 милиони долари.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=rjWZfsQnl3A
https://www.youtube.com/watch?v=Krx7-e7qhN0
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО