Денес започна силниот боксерски турнир „Странџата 2015“ во Софија, Бугарија, и ќе трае до 28 февруари. „Странџата 2015“ е еден од најсилните светски турнири континентални и светски шампиони.
Амет Еминовиќ од БК Баргала-Штип требаше да ја претсавува Македонија на овој турнир. Но, Еминовиќ поради болест не отпатува за Бугарија, како што изјавија од канцеларијата на БФМ.
Според селекторот Петар Чурлинов, Еминовиќ е кандидат за исполнување на олимписка норма, за што ќе треба да помине неколку меѓународни тестови, како на Европските игри во јуни во Баку, Азарбејџа, на Европското првенство од 6 – 15 август во Софија, како и настапот на Светското првенство во ноември, во Доха, Катар.