Емилијаненко откри дали размислува да продолжи да се бори

Федор Емелијаненко во Русија се дружеше со приврзаниците, а за време на тоа дружење одговори на некои интересни прашања. Главната тема секако е она за продолжување на неговата боречка кариера.

42-годишниот легендарен борец не успеа да ја започне оваа година како што се надеваше. Настапот на Гран прито на Белатор во тешка категорија заврши со пораз во финалето, откако во двете борби пртеходно беше подобар од Френк Мир и Чаел Сонен. Потоа се врати во Русија, каде што е многу ретко  во јавноста. Сепак, изминатиот викенд дојде на дружење со фановите кои ги интересираше дали ќе да продолжи да се бори.

„Ќе видиме во каква фаза е мојата кариера, моментално сум на чекање. Наскоро треба се да знаете, но овој пат не можам да потврдам дали ќе продолжам да се борам. Во моментов работам на моето здравје. По операцијата ќе почнам со опоравување и лесни тренинзи. Не знам кога можам да ви одговорам дали завршив со борбите. Барав повеќе време за одмор и заздравување, Белататор ми го обезбеди тоа“, рече Федор.

После поразот немаше опашки зад себе. Рајан Бадер едноставно беше многу подобар од него и заслужи да победи. Федор беше запрашан колку тешко му падна поразот.

„Не бев тажен по поразот, а ниту имаше каквабило депресија. Кога одите кон кафезот секогаш си свесен дека имате противник со истите намери и дека сè може да се случи. Сето тоа е работа кој како тренирал, како се подготвил и на чија страна е среќата, како и Божјата волја. Покрај сето тоа, мораш да бидеш подготвен за евентуален пораз“.

Со поразот од Бадер, Федор професионалниот скор го доведе до 38 победи и шест порази. Договорот со Белатор се уште е активен и ако некаде се враќа на борбите, тоа ќе биде во нивниот кафез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON