Тони Фергусон се враќа, насокоро

Еден од најдобрите борци во лесна категорија наскоро ќе се врати во кафезот. Поранешниот привремен шампион Тони Фергусон имаше разговори со УФЦ во Лас Вегас и очигледно сè минало лесно, бидејќи Ел Цуцуј рече дека ќе се врати.

Во моментов во лесна категорија има привремен шампион во ликот на Дастин Пориер, кој се надева дека во септември ќе се бори со Хабиб Нурмагомедов на УФЦ 242 во Абу Даби. Тони објави видео на социјалните мрежи и го објави своето враќање, а е категоричен во записот, сака битка со Хабиб Нурмагомедов или Конор Мек Грегор. Ова се негови опции, но моментално од УФЦ има варијанта да се сретне со Џастин Гаетје.

Фергусон не се борел откако со ТКО го победи Ентони Петис на УФЦ 229 во октомври минатата година. Во изминатите неколку месеци Тони се бореше со психолошки проблеми, но веќе е 100 отсто подготвен. Фергусон доби зелено светло од УФЦ и наскоро ќе го видиме во кафезот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО