Ворен: Реваншот Фјури – Вајлдер најдоцна на почетокот на идната година. Смешно е кога зборуваат дека Џошуа се противи да дојде до големи борби

Промоторот на Тајсон Фјури, Френк Ворен вели дека до почетокот на следната година би можело да го очекуваме реваншот со Дионтеј Вајлдер.

Исто така изрази сомневање во искрената намера на Ентони Џошу и неговиот промотор Еди Херн да договорат средби со Фјури и Дионтеј Вајлдер.

Светскиот шампион во тешка категорија и неговиот промотор постојано повторуваа дека и покрај најдобрите намери не успеле да договорат мечеви со Вајлдер и Фјури.

„Верувам дека Вајлдер го одби ДАЗН, бидејќи Шоутајм му даде подобра понуда и рече дека може да направи неколку борби пред следниот голем меч. Така е како што е“, вели Ворен за Метро УК.

„Она што ме насмева е кога зборуваат како Џошуа да се противи да дојде дои тие големи битки, но се обидуваат да договорат само кога другите веќе договориле мечеви. Вајлдер и Фјури повторно ќе се сретнат, работиме на тоа. Мислам дека реваншот ќе се одржи најдоцна во февруари 2020 година“.

Вајлдер ја брани ВБЦ титулата на 18 мај против Доминик Бризил, Џошуа своите појаси ги брани на 1 јуни против Енди Руиз, а Фјури на 15 јуни боксита со Том Шварц.

Руиз ќе го замени Милер, кој беше позитивен на три различни допинг тестови.

„ВБА го суспендира Џарел Милер на шест месеци. За што се работи тука? Борците се борат само два пати годишно. Можете да ги земете допинг во февруари, затоа што не се борите до септември и суспензија до тогаш ќе ви заврши. Тоа не е во ред. Што е поентата допинг-тестирањето, ако фатениот борец добие само малку по прстите“?

„Го разбирам Џошуа. Требаше многу време да се најде замена, затоа што сите сакаа повеќе пари, бидејќи прискокнуваат како замена. Во овие околности Енди Руиз Јуниор е најдоброто што можеа. Тој е прилично брз, иако не изгледа така. Мислам дека Џошуа е голем фаворит и го избраа Руиз бидејќи по градбата е сличен на Милер. Најверојатно, парите исто така играле голема улога. Го бркаа Луис Ортиз, но тој сака да го чека Вајлдер“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО