Емилијаненко ќе заработи 113 илјади евра за борба со Тарасов

Артем Тарасов ги откри хонорарите што ќе ги поделат со Александар Емелијаненко. Тие потпишаа договор за боксерски меч во кој ќе носат ММА ракавици. Датумот и местото на нивната средба се уште не се познатио, но нивните плати се доста добри.

Тарасов, кој е познат влогер и ММА борец, ќе собере 5 милиони рубли. Руската ММА ѕвезда Емелијаненко ќе заработи 10 милиони рубли.

„Зборуваме за многу високи плати. Знам дека Емелијаненко ќе треба да земе 10 милиони рубли (113.000 евра) за оваа битка, а јас ќе земам 5 милиони. Ова ќе биде најголемиот хонорар во мојата кариера“, изјави Артем за руските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО