Емилијаненко: Гејџи ќе го победи Хабиб

Александар Емелијаненко верува дека Џастин Гејџи ќе се справи со Хабиб Нурмагомедов.

Двајцата шампиони во лесна категорија ќе се борат викендов во Абу Даби за обединување на појасите.

„Секако, ќе навивам за Хабиб Нурмагомедов и ќе стискам палци за победа. Меѓутоа, ако погледнеме објективно, тогаш гледам голема шанса за Џастин Гејџи. Повторно ќе ви кажам дека ова е најтешката битка за Хабиб во неговата кариера. И оваа борба доаѓа во најтешкиот момент за него. Моето предвидување за средбата е дека Џастин Гејџи ќе го победи“, вели Емилијаненко.

Ова е очекувана прогноза од Емелијаненко, кој пред неколку месеци загуби од Магомед Исмаилов. Тогаш Хабиб му предвиде лесна победа на Исмаилов, а тоа и се случи на крајот. Очигледно дека Александар сака да му врати мило за драго на Хабиб, па го избира Гејџи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО